Норвешката полиција објавила фотографии од мистериозно момче кое се обидуваат да го идентификуваат откако го пронашле затрупано во снегот.
Момчето кое има околу дваесет години, е пронајдено во Осло, во декември минатата година, а сега се согласило неговата фотографија да биде објавена во медиумите. Тој бил пронајден врзан и издрогиран, а бил во кома повеќе од три дена. Проблемот во неговата идентификација лежи во тоа што тој страда од амнезија.
Работата на полицијата дополнително е отежната со тоа што момчето одлично говори дури пет јазици, меѓу кои и англискиот со источноевропски акцент, па не можат да откријат од која земја доаѓа
„На почетокот бев парализиран и не можев да зборувам. Бев очаен и исплашен и сакав да излезам од оваа ситуација“, изјавило момчето кое додало дека најверојатно потекнува од Чешка, затоа што најдобро го познава тој јазик.
А покрај англискиот одлично ги владеел и полскиот, словачкиот и рускиот. Се претпоставува дека момчето било жртва на кривично дело, но полицијата не објавила подеталани информации.
„Човекот немал никакви документи, тој не можел да се сети од каде доаѓа, како завршил во Норвешка, или кој било друг детал од неговиот живот“, изјавил портпаролот на норвешката полиција Момчето било високо 187 сантиметри, има сини очи и темно руса коса.