Министерството за здравство ќе формира нова комисија за испитување на случајот со починатото 12 годишно девојче на инфективната клиника во Скопје. Првично комисијата не утврдила пропуст на матичната лекарка ниту на дежурната екипа на инфективна
Раководството на Инфективната клиника покренало дисциплинска постапка против дежурниот лекарски тим кој го лекувал 12-годишното девојче, бидејќи не инсистирале да се направи обдукција на телото.
Законската регулатива предвидува секој болен кој во болница ќе почине за помалку од 24 часа, мора да му се направи детална анализа за да се утврди причината за брзата и ненадејна смрт.
Сеуште не се знаат кои се причините поради кои што почина 12 годишното девојче пред повеќе од една недела на Инфективната клиника. Втора независна комисија од првата ќе испитува што довело за толку кратко време да се влоши нејзината здравствена состојба и неколку часа по хоспитализирањето на инфективна да почине – потврдуваат од Министерството за здравство.
Првата комисија составена од доктори од Карил, Детската клиника и Градската општа болница „8-ми Септември“, утврдила дека матичниот лекар, дежурниот педијатар и докторите на инфективната клиника постапиле според медицина базирана на докази, немало пропусти во работењето.
Родителите најпрво дето го однеле кај матичен лекар, кој иако побарал да се направи крвна слика, девојчето одбило, но тогаш нејзината здравствена состојба не била влошена.
Утре дента состојбата се влошила, вечерта кога го посетиле дежурниот педијатар девојчето било во шокова состојба и веднаш упатено на Детската клиника. Но, наместо на детска, родителите ја однеле на Инфективна – велат од Министерсвото за здравство.
И покрај напорите на докторите на Инфективната- неколку часа по хоспитализирањето девојчето починало. Родителите одбиле обдукција. Директорот на Инфективна клиника поднел дисциплинска постапка против дежурните доктори кои не побарале по службена должност обдукција на телото.