Владата се согласи за нов закон за високо образование


Владата се согласи во периодот што следи да се отвори дискусија на ниво на работни групи за носење нов закон за високо образование.
На денешната средба со професори и студенти Владата изрази подготвеност за одложување на примената на последните измени на Законот за високото образование за една година, меѓу кои и одложување на спроведувањето на државниот испит за една година и спроведувањето на обврската за објавување научни трудови во списанија со импакт фактор за две години. univerzitet
„Владата изразува отвореност и подготвеност низ еден поширок транспарентен и инклузивен процес заедно со релевантните чинители заеднички да се работи на градење на квалитетен систем на високо образование. Владата е благодарна за конструктивниот пристап на универзитетите, односно професорите и студентите и за нивниот досегашен и иден придонес во унапредување на стандардите и квалитетот во високото образование“, пишува во соопштението од Владата.
На денешната средба учествуваа претставници на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во чија што делегација биле и претставници на Професорскиот и на Студентскиот пленум, и претставници на Владата предводени од премиерот Никола Груевски, министерот за образование и наука, Абдилаќим Адеми и заменик министерот за образование и наука, Спиро Ристовски.
Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1