Никој не знае зошто распука земјата – Мистериозната пукнатина во Мексико долга 1км (Видео)


Пукнатика длабока осум метри и долга повеќе од еден километар, која минатата недела се појавила во земјоделска област во северозападно Мексико, предизвикала прекин на сообраќајот на автопатот 26 кој го поврзува градот Ермосиљо со брегот, па возачите морале да одат по заобиколни патишта.meksiko dupka

Камера прицврстена за беспилотно летало ја снимила џиновската пукнатина, која на одеелни места е широка дури пет метри.

Геолозите се обидуваат да ја утврдат причината за нејзиното појавување. Службата за цивилна заштита претпоставува дека пукнатината е последица на земјотресот што го погодил Мексико минатата недела, но геолозите од универзитетот во Сонора откриле дека фармерите од таа област направиле резервоар за собирање дождовница, која почнала да истекува во почвата. Тие мислат дека струењето на водата под земјата го предизвикало уривањето на почвата.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1