Аларм вулканот ќе еруптира: Исланд го евакуира населението и забрани воздушен сообраќај


Исланд го забрани воздушниот сообраќај во регионот на најголемиот вулкан во земјата Бардарбунга, издигајќи го нивото на тревога од портокалово на црвено, соопшти АФП, повикувајќи се на Исландската метеоролошка служба.

Како и другите исландски вулкани лоциран во југоисточниот дел на островот Бардарбунга е покриен со мраз. Се претпоставува дека има малку ерупција под ледената покривка што не успеала да го топи мразот. Не е јасно дали сепак ерупцијата ќе остане под мразот или не.

vulkanБардарбунга се издига на височина 2000 метри, се активираше на 16 август. Тогаш беше прогласен портокалов код за опасност, но до денес немаше ерупција.

На почетокот на неделата повеќе од 300 луѓе беа евакуирани од зоната на вулканот. Во реонот не живее постојано ниту еден човек, но сепак е посетуван од туристи и ловци.

Во 2010 година ерупцијата на друг исландски вулканот Ејафјатлајокутл го предизвика најголемото затворање на воздушниот простор на Европа во мирно време. За еден месец беа откажани повеќе од 100 000 летови и над осум милиони патници останаа блокирани на аеродромите.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1