Никола Младенов, сопственик на „Фокус“ и новинар, немал алкохол во крвта кога загинал во сообраќајна несреќа минатиот вторник , покажува првичниот наод на Судска медицина
Претходно на Судска медицина беше утврдено дека Младенов починал од нагло кочење, по што при таканаречената состојба „забавување на телото“ и поради ударот во воланот, му пукнала главната аорта.
Од МВР велат дека сè уште се прави техничко вештачење на возилото. Треба да се открие и зошто Младенов кочел со возилото, дали имало друго возило во несреќата или причината е нешто друго поврзано со исправноста на мерцедесот.
Nova Makedonija
МЛАДЕНОВ ВОЗЕЛ ТРИ ИПОЛ ЧАСА ПРЕД ДА ЗАГИНЕ – 2 ПАТИ ЈА МИНАЛ ПАТАРИНАТА