Николовски: Македонија три години не плаќала членарина во ФАО


Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство вчера платило 35.000 евра членарина во ФАО, сума која Македонија ја должела три години и поради што со допис била информирана дека ако не ја подмири, ќе биде исклучена од организацијата и без право на глас.
Како што соопшти денеска ресорниот министер Љупчо Николовски, долгот бил 44.000 евра и 102.000 долари.

– За да не го изгубиме правото на глас, вчера плативме 35.000 евра. Претходно, ФАО испрати допис до Министерството за надворешни работи со барање долгот да се плати, но и не предупреди за последиците ако тоа не го сториме, рече Николовски.

За ваквото, нагласи, неодговорно однесување, ќе има одговорност.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1