Нил Армстронг „ја ограбил“ Месечината: Еве што сè криел!


Вдовицата на Нил Армстронг, првиот човек кој стапна на Месечината, после неговата смрт открила скриени работи кои астронаутот ги зел од Аполо 11.

Армстронг почина во 2012 година, а сопругата Керол ги донирала непроценливите спомени, кои астронаутот со години ги криел, во музејот Смитсонијан. Нивната автентичност и припаѓањето на Аполо 11 е потврдена и на страниците од НАСА е детално прикажана.neil-armstrong-01

Дури постојат и снимки на кои Армстронг му се обраќал на Баз Алдрон, астронаутот кој со него бил на мисијата на Месечината, а во кои ја споменува торбата и вели дека во неа има многу ѓубре кое треба да се однесе на Земјата.

За време на 40-те години, кои поминале меѓу слетувањето на Месечината и неговата смрт, Армстронг никогаш во ниеден збор не ја споменал торбата со драгоцените артефакти која била скриена во ормарот во неговиот дом во Охајо.1969-neil-armstrong

Меѓу предметите се наоѓала и камерата со која била снимено спуштањето на Аполо на површината на Месечината и таа е највредната работа од торбата на Армстронг. Во неа се наоѓале и леќи за камерата, различни кабли, огледало, француски клуч, ремени од шлемови, алат и уште неколку ситници, пренесува Дејли Меил.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1