За прв пат по март 2010 година овој петок ќе уживаме во глетката на сина месечина, а тоа е речиси по триесет месеци. По овој петок ќе треба да чекате уште 36 месеци до јули 2015 година, за повторно да го видите овој феномен.
Станува збор за ретка космичка појава која несакајќи, коинцидентно, ќе се случи истиот ден на погребот на Нил Армстронг.
Армстронг кој почина минатата сабота на 82 години од својот живот, ја доближи месечината до човекот со тоа што тој беше првиот човек кој стапна на неа во 1969 година.
Не очекувајте некој магичен перформанс на месечината во петок. Сината месечина всушност е полна месечина која што се случува втор пат во еден ист месец, тогаш таа има посветла боја. Полната месечина се случува на секои 29 дена, па бидејќи веќе имавме полна месечина на 2 август утрешната полна месечина е всушност сина месечина но само на зборови.
Повремено месечината знае да добие сина боја но овој феномен нема ништо со полна месечина туку со честички прав кои пловат во атмосферата на земјината топка. Големиот број на вулкански ерупции изминатите неколку векови го создадоа овој облак од честици, прав.
Кога овие честици ќе достигнат одредена висина ги попречуваат црвената и жолтата боја од спектарот, давајќи ни впечаток на сина, а понекогаш и зелена месечина.