Нимиц: Двајцата премиери за роденден ми дадоа голем подарок


Да се најде решение за овој проблем бара многу големо лидерство и стратешка визија, рече посредникот Метју Нимиц, кој денеска во Преспа го прослави и роденденот.

„Треба да бидеме благодарни што имаме вакви лидери во овие две земји. Работејќи толку многу години на ова прашање, врувам дека договорот е во стратешки интерес за двете земј.

Беше долг и сложен процес, но резултираше со спогодба правична, чесна и спроведлива и која ќе биде успех не само за односите меѓу двете земји, туку пример за регионот, Европа и светот дека два соседи можат да решат проблем.

Годинава во семејството им реков дека за роденден не сакам подароци зашто два премиери ќе ми дадат еден голем подарок.

Мојата работа е завршена, сега останува на лидерите од двете земји”, изјави Нимиц.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1