Полицијата се судри со демонстрантите – Инцидент во Нивици


Мал Инцидент во Мала Преспа, грчките медиуми јавуваат дека во Нивици, во близина на местото каде што се потпишува македонско-грчкиот договор дошло до судир меѓу неколкумина демонстранти и полицијата која го обезбедува настанот.

Полицајците пуштија солзавец за да спречат дел од демонстрантите да на влезат во т.н „безбедносен прстен“ и да стигнат до селото Псарадес, каде што беше во тек потпишувањето на договорот помеѓу Грција и Македонија, јавија грчките медиуми.

Протестите ескалираа кога демонстрантите се обиделе да го пробијат кордонот на полицајци кои во голем број го обезбедуваа настанот.

Демонстрантите почнаа да фрлаат разни предмети кон полицајците кои возвратија со созавец.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1