Нимиц: Гледам нов импулс во Скопје за решавањето на спорот за името


Решавањето на спорот за името е високо на агендата на владата во Скопје и затоа има „нов импулс“ во напорите за решавање на проблемот, изјави специјалниот претставник на Обединетите нации во разговорите за прашањето за името меѓу Грција и Македонија Метју Нимиц за Независната балканска новинска агенција (ИБНА), пренесе Алсат-М.

– Владата во Скопје е подготвена да ја реактивира својата надворешна политика во регионот и очигледно прашањето за името е важна пречка на патот кон европската интеграција и НАТО членството. Значи, ова е високо прашање на нивната агенда и затоа мислам дека има нов импулс – изјави Нимиц.

На прашањето што гледа како следен чекор, Нимиц потсетува дека беше во Скопје, а разговараше и со грчкиот министер за надворешни работи Коѕиас и најави дека ќе биде во контакт со двете страни во следните месеци со цел да се развие нов план за движење напред.

Запрашан дали има какви било предлози за името Нимиц одговори не, нагласувајќи дека не дал никакви предлози.

– Имаше предлози во минатото и сметам дека сега е време да се зборува за некои основни концепти пред да стигнеме до предлози – изјави Нимиц.

Нимиц во почетокот на месецов беше во посета на Скопје каде што имаше средби со македонскиот државен врв, во понеделникот во Брисел се сретна со министерот за надворешни работи на Грција, Никос Коѕиас.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1