Нимиц: Прашањето за името засега многу земји, за идентитетот не се преговара


Прашањето за името на Македонија е прашање кое засега многу земји вклучувајќи ги САД и Германија и многу земји сакаат да го видат решено со оглед на случувањата во светот. Проблемите не треба да се оставаат да тлеат, туку да се решаваат навремено, изјави денеска на прес-конфернцијата во Владата медијаторот на ОН за спорот со името Метју Нимиц по средбата со премиерот Никола Груевски.

nimic2Тој истакна дека го поддржува интересот што германската канцеларла Ангела Меркел го покажала за решавање на името бидејќи многу земји се заинтересирани за стабилноста на регионот.

На новинарско прашање тој посочи дека ОН не преговараат за идентитетите на народите.

– Луѓето имаат свој идентитет и за него не се преговара, туку го креираат со своите дела и културата, рече Нимиц на прашањето дали идентитетот е прашање за кое се разговара како што тоа го истакна неодамна германската канцеларка Ангела Меркел.

Нимиц ги оцени како конструктивни разговорите со премиерот Груевски и очекува и грчката страна да покаже конструктивност.

Медијаторот Нимиц денеска во Скопје се сретна со претседателот на државата Ѓорѓе Иванов, со шефот на дипломатијата Никола Попоски, како и со новиот македонски претставник во разговорите за името Васко Наумовски.

Од Скопје Нимиц утре заминува за Атина на средби со грчкото раководство.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1