БРУКА: Очевидци – Брза помош стаса по 30 мин, бебето не го ни земаа проценија дека е стабилно


Медицинските тимови биле целите збунети. Дошле по 30 минути на местото на несреќата каде загина 8 месечното бебенце а 7 лица беа повредени кај Демир Капија, велат очевидци за Mknews.

,,Дојдоа по околу 30/40 минути со 2 возила во кој можеше да се смести само по еден повреден. Па одеа до Велес па се враќаа. Нам ни изгледаше како агонијата да трае цела вечност. Незнам точно но мислам дека траеше се околу 2 часа . Добивме впечаток дека медицинските лица не беа баш подготвени. Неколкупати се премислуваа кој пациент е поургентен прв да го носат,, велат очевидците.

mknews soobrakjajka 11Она што е фрапирачко е што медицинските лица процениле дека бебенцето е најстабилно. Тоа било мирно и сметале дека другите повредени се поитни. Не го ни превезле со брзата помош, туку бебенцето со друго возило, на патници кои се нашле на местото било пренесено до ургентниот центар, велат очевидците за Мкnews.

,, Беше страшно да се види колку време му треба на едно амбулантно возило да дојде до местото на настанот и колку тие медицински лица беа неспремни и без никаква опрема. Најжалното е што медицинските лица проценија дека осуммесечното бебе е во најстабилна состојба и го оставија да лежи, бидејќи беше мирно. За тоа бебенце не ни имаше место во амбулантното возило, па други добронамерни луѓе  го зедоа кај нив и со кола возеа по амбулантното возило. Последното нешто што го направи еден од оние кои се затекнаа на местото и помагаа е тоа што го најде млекцето на бебето во кршот од колата и и го даде на жената којашто се нафати да го држи во раце до болницата. Не можевме да се совземеме кога прочитавме дека тоа бебенце починало. Во рацете на друга мајка, седејќи до нејзиното девојченце. И тоа што најмногу ме фрустрира е што медицинските лица даваат изјава дека направиле се што можеле, кога истите тие проценија дека бебето е стабилно и до крајот не го ни погледнаа., вели очевидец.

Патниците што се затекнале дале се од себе. 5 годишното детенце, братче на починатото бебе било свесно. Друго девојче, кое со своите родители се затекнало на местото на несреќата цело време било до детенцето. Сите биле ангажирани.

mknews soobrakjajka2

Во несреќата животот го загуби 8 месечното бебенце Андрија. Драган Маринковиќ, таткото на починатото осуммесечно бебе Андрија, штом излегол од градската болница 8-ми Септември веднаш со роднините од Србија заминале во Ургентниот центар, каде се сместени неговата 30 годишна сопруга Марија и петодишниот син Матија.

s002

Мајката и чичкото на 8 месечното бебе кое загина вчера во сообраќајната несреќа на патот Демир Капија – Удово сеуште се борат за живот. Лекарите велат дека мајката има тешки повреди на кичмата, извршена и е хируршка интервенција но нејзината здравтсвена состојба сеуште е многу сериозна. За живот се бори и 24 годишниот чичкото на бебето. На поголемото братче состојбата му е подобра има скршеница на колкот и се лекува на Детската клиника во Скопје. Таткото пак е полесно повреден како и другите кои вчера беа пренесени низ клиниките во Скопје по сообраќајната несреќа што ја стресе јавноста.

На лекување се и патниците од другиот автомобил и се во стабилна состојба. Возачот на фиестата кој ја предизвикал несреќата е во болницата 8-ми Септември и е под полициски надзор.

Марија и Драган живееле во Швајцарија. По долгиот пат едвај чекале да стигнат дома. По одморот во родниот крај, среќни со помалиот брат Никола заминале на одмор во Грција. Решиле да одат во Паралија и заедно да го поминат одморот.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1