Лекарите во Велес плачеле за 8 месечното бебе – таткото бдее крај жената и 5 год син кој се во болница


Лекарите во Велес не можеле да ги скријат солзите кога констатирале дека за 8 месечниот Андрија нема спас.

udes-poginula-saobracajna-n

-Немаше спас за малото бебе. Иако долго време работиме како лекари, ние не можевме да ги сопреме солзите. Само што почнал да живее, а веќе го нема, со солзи во очите сведочеле лекарите од велешката болница, пренесува српски Курир.

Драган Маринковиќ, таткото на починатото осуммесечно бебе Андрија, штом излегол од градската болница 8-ми Септември веднаш со роднините од Србија заминале во Ургентниот центар, каде се сместени неговата 30 годишна сопруга Марија и петодишниот син Матија. Марија е во критична состојба, а детето е подобро, пренесе Канал 5.

s002

Критична е состојбата на 23 годишниот Никола, брат на Драган. На лекување се и патниците од другиот автомобил и се во стабилна состојба. Возачот на фиестата кој ја предизвикал несреќата е во болницата 8-ми Септември и е под полициски надзор.

Марија и Драган живееле во Швајцарија. По долгиот пат едвај чекале да стигнат дома. По одморот во родниот крај, среќни со помалиот брат Никола заминале на одмор во Грција. Решиле да одат во Паралија и заедно да го поминат одморот.

Стигнаа до Демир Капија кога во седум часот возилото форд фиеста о другата страна преминело на полна линија и директно удрило во шкода фабијата, каде било семејството Маринковиќ. На пат кон болницата во Велес почина 8 месечното бебе. Помалиот син на Марија и Драган. Докторите со плачење раскажуваа дека жалат што бебето не доби шанса за лекување.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1