4 ранети во грабежот на златарницатa во Дебар – ранет и сопственикот (ОБНОВЕНО)


Маскирани напаѓачи вооружени со оружје околу 13 часот се обиделе да извршат грабеж во златарница во Дебар.

Златарницата била во сопственост на семејството Еребара, а инцидентот се случил пред поголем број граѓани, бидејќи раздвиженоста на луѓе била зголемена поради празникот Рамазан Бајрам, пренесува Кајгана.мк.

debar-1500Четири лица се примени во болница по вооружениот грабеж што околу 13 часот се случи во златарница во центарот на Дебар.

Меѓу ранетите е и сопственикот на златарата „Џити“, Меџит Еребара. Тој имал три прострелни рани и е пренесен во Скопскиот клинички центар. Според очевидци, Еребара не им дозволил на маскираните разбојници да го однесат златниот накит, по што врз него било пукано.

Вториот ранет е таксистот А. Цами кој е ранет во ногата, за кој очевидци тврдат дека им го попречил патот на маскираните разбојници.

debar-3500

Две други ранети лица се од Албанија. Тие се здобиле со полесни рани и во моментов се на сослушување  во полициската станица во Дебар.

Полицијата трага по маскираните лица по периферните делови на градот и некои села во пограничниот појас кон Албанија.

Фото – Курир

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1