Пукање во Дебар – 2 повредени – маскирани крадци сакале да ограбат златара


Од полицијата потврдија дека околу 13 часот во обид за грабеж на златара во Дебар се ранети две лица. Според првичните информации неколку лица, најверојатно маскирани се обиделе да ги ограбат златарите, при што сопствениците им се спротивставиле. Во тој момент дошло до вооружена престрелка, а повредени се две лица, најверојатно сопственици на златарите. Очевидците на настанот пак велат, дека едно лице е загинато.

debar-3500

Разбојниците се обиделе да ограбат златара која се наоѓала во центарот на Дебар при што избила престрелка. Двајца се повредени, а полицијата засега не соопштува дали меѓу ранетите има и разбојници. Повредените се префрлени во дебарската болница, додека полицијата врши увид. Повеќе детали надлежните најавија во текот на попладнето.

Фото Курир

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1