Нимиц со нов предлог за името


Mедијаторот Метју Нимиц во наредните недели на Атина и Скопје ќе им претстави нов предлог за можно решение за прашањето за името.

Ова го пишува грчкиот весник „Елефтеротипија“, повикувајќи се на „сигурни извори“ во седиштето на Обединетите нации во Њујорк.metju nimic

„Она што ќе го донесе Нимиц, можеби и пред крајот на октомври, ќе бидат пакет предлози кои ќе вклучуваат нова верзија на името и многу други теми: иредентизам, јазик итн.. “, пишува весникот. Иронично додавајќи дека  со оглед на тоа што министерот за надворешни работи е зафатен со други критични прашања како што е партијата,  товарот на ова национално прашање ќе падне врз веќе “оптоварениот, но неуморен, премиер… “.

Ако информациите од ОН се точни, според „Елефтеротипија“, Самарас за многу брзо време ќе треба да се соочи со прашањето за името на Македонија, што очигледно ќе има влијание врз случувањата во домашната политика, која во оваа фаза е монополизирана од проблеми поврзани со економијата и лов на гласови на избирачите.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1