Пешаци внимавајте на мета сте: Фрчат казни, глоба до 35 евра за 72 пешаци!


Во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Град Скопје од страна на сообраќајната полиција извршен е увид на вкупно 10 сообраќајни незгоди.

Од нив, една е со последица материјална штета и девет се со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле пет возачи на патничко моторно возило, шест сопатници, тројца пешаци и еден мотоциклист.pesaci

Според евиденцијата на сообраќајната полиција, се случиле уште три незгоди со мала материјална штета во коишто е пополнет Европскиот извештај за случена сообраќајна незгода.

Во текот на вчерашниот ден од страна на сообраќајната полиција откриени и санкционирани се 72 пешаци кои поминале вон обележан пешачки премин или, пак, поминале на црвено светло на семафорот за пешаци, четворица возачи не отстапиле првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, 18 возачи коишто не го почитувале ограничувањето на брзината на движење, од нив 11 возачи се движеле со брзина поголема од 90 километри на час во населено место, седум возачи кои не ги почитувале светлосно сообраќајните знаци на крстосниците и 28 возачи кои не го користеле безбедносниот појас или го користеле мобилниот телефон за време на управувањето на своето возило.

Отсекот за превенција при Единицата за безбедност во патниот сообраќај при СВР Скопје ќе одржи предавања со децата од предучилишна возраст во детската градинка „Срничка“, објект „Црвенкапа“ и „Чекорче“ кои се наоѓаат на територијата на општина Аеродром.

Денеска во времето од 10 до 13 часот поради изведување на градежни работи на ул. „Киро Глигоров“ ќе има времено изменет режим на сообраќај при што сообраќајот ќе биде пренасочен од крстосницата со ул. „Перо Наков“ па се до крстосницата со ул. „808“. Сообраќајната полиција апелира до сите учесници во сообраќајот, особено до возачите да ја почитуваат времено поставената сигнализација и да бидат внимателни заради себе и заради другите учесници во сообраќајот.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1