Ништо не им е свето – Џихадист на ИД јавно ја погуби својата мајка


Припадник на Исламска држава јавно ја убил својата мајка во сирискиот град Рака, бидејќи го терала да ја напушти терористичката организација, пренесува Би Би Си.

Ал Сакир (21) јавно ја погуби својата 45-годишна мајка Лена ал-Ќасем, пред поштата во Рака.islamska-drzava-teroristi.j

Ал-Ќасем го предупредувала својот син дека алијансата на чело со САД ќе ја уништи ИД и го убедувала заедно да ја напуштат Рака.

Мајката е притворена откако нејзиниот син ги известил припадниците на ИД за нејзините изјави.

Сириската опсерваторија за човекови права повикувајќи се на локални извори, во соопштение навела дека 20 годишното момче ја погубило својата мајка пред повеќе стотини лица во средата, во близина на поштата во која таа работела во Рака, главното седиште на Исламската држава.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1