Ниту еден адвокат нема да ги застапува силувачите на девојката во автобусот, која им подлегна на повредите, соопштија претставници на адвокатското здружение во Индија.
– Одлучивме ниту еден адвокат да не ги брани обвинетите за силување бидејќи би било неморално да се бранат во постапката, изјави Санџај Кумар, адвокат и член на Советот на адвокати на Окружниот суд Сакет во Њу Делхи.
Кумар потврди дека ниту еден од 2.500 регистрирани адвокати нема да биде во Окружниот суд Сакет во јужен Њу Делхи.
На припадниците на бандата во Њу Делхи им се суди по обвеинение кое содржи докази на 1.000 страници. Тие на 16 декември ја силуваа 23-годишната студентка по медицина и ја претепаа неа и нејзиното момче во автобус во Њу Делхи. Девојката имала страотни повреди бидејќи монструмите ја силувале и со железна шипка, а од тепањето имала повреди на мозокот. Им подлегна на повредите неколку дена подоцна во болница. Нејзиниот случај предизвика револт кај народот кој на масовни протести бараше нов закон за заштита на жените и ригорозни казни за силувачите.