Градоначчалникот на Ниш изигрувал таксист за да чуе кои се проблемите на граѓаните


Градоначалникот на Ниш Зоран Перишиќ на новогодишната ноќ возел градски такси за да дознае лично од граѓаните кои им се најголемите проблеми.

srb-nis-za-sajt_310x186Според регионалната телевизија RTV Belami, градоначалникот одлично се снашол во улогата на такси возач, а ретко кој од патниците го препознал.

,, Ни на крај памет дека на нова година ќе ме вози градоначалникот кога ќе викнам такси, мислев дека е само расположен, муабетџија возач,, изјавила една девојка која се нашла во таксито на градоначалникот.

Граѓаните сакале повеќе спортски случувања, зоолошка градина, поголема хигиена на градот како и аква парк.

Некој од нив барале да се истражи и Нишката тврдина која е недоволно археолошки испитана на што градоначалникот вели дека по рим најбогати археолошки наоѓалишта има токму Ниш и најави ангажман на тоа поле.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1