Одделот за мобилни уреди на финската компанија „Нокиа“ од крајот на април престанува да постои.
Нокиа се збогува со корисниците на нивните мобилни телефони и ги известува дека отсега за нивните услуги и податоци ќе се грижи Microsoft кој го превземе мобилниот сектор на компанијата и ќе се стекне со право на користење на брендот Nokia Lumia.
– Според договорот вреден седум милијарди долари за преземање, брендот би требало да го носи името „Мајкрософт Мобајл“.
Компанијата ќе остане со седиште во Финска, а ќе функционира како огранок во целосна сопственост на „Мајкрософт“.