Ноне ќе се мажи, Елена Велевска пред банкрот


Што им предвидуваат ѕвездите на нашите познати личности… Успех во работата или во љубовта? Кој ќе се скара, а кој ќе се смири? Кој ќе раскине, а кој ќе си најде нова љубов… „Убавина и здравје“ ја објави „иднината на дел од македонските јавни личности“.

Кристина Арнаудова
Кристина е родена во знакот на Девица со подзнак Терезија и Месечина во Девица, а нејзината натална карта зборува за личност која морала да се бори за сè што има стекнато. Луѓето што површно ја познаваат Кристина не се во состојба да проценат колкава е нејзината сила, ниту да сфатат дека оваа жена е подготвена да поднесе сè. Таа од секоја тешка ситуација излегла посилна и попаметна, а ѕвездите ѝ ветуваат дека во нејзиниот живот, како и досега, сè добро ќе се завршува, па нема да згрешиме ако кажеме дека е родена под среќна ѕвезда. И покрај тоа, Кристина не е подготвена да ризикува, па големи промени во кариерата не треба да очекува. Но, затоа можеби оваа година повторно ќе се одлучи да стане мајка. 

 kristina arnaudova

Ноне Неделковска
Ноне е родена во знакот на Терезија, со подзнак Рак и Месечина во Лав. Положбата на Месечината во првата куќа ни открива дека Ноне е многу љубезна, пријатна и емотивна девојка. Сепак, покрај подготвеноста секому да му помогне, Ноне е достоинствена и решителна и не дозволува никој да ја понижува и омаловажува. Лицата со Месечина во Лав можат да бидат и егоистични, што во случајот со Ноне не е многу нагласено. Едно е сигурно, таа ќе направи сè да останат неизвалкани за нејзиниот углед, честа и достоинството. Ноне е исклучително љубезна кон мажите, но таа љубезност често може да биде протолкувана на погрешен начин, па сигурни сме дека Ноне со своето однесување, кое секогаш ќе биде на границата меѓу љубезноста и флертот, ќе ги привлекува лицата од спротивниот пол. Оваа година Ноне ќе биде запросена.

 

Елена Велевска
Елена е родена во знакот на Скорпија, со подзнак Јарец и Месечина во Близанци што значи дека е исклучително сексапилна и заводлива жена, која ужива во сите животни задоволства. Генерално, таа е задоволна од својот успех и од самата себе. Таа уште како мала мечтаела за тоа еден ден да стане позната пејачка и би можело да се каже дека таа желба ѝ е исполнета. Сите тешкотии што естрадата со себе го носи, Елена лесно ги совладува, но сепак мора да внимава на своите финансии, бидејќи постои опасност да почне да троши повеќе од дозволеното. Затоа особено е важно одредена сума на пари да ја трга на страна, бидејќи ако се најде во ситуација на банкрот, ќе успее да се извлече од „бунарот“ благодарение на овој „црн фонд“. Значи, неопходно е што е можно побрзо да почне да штеди!

Благица Павловска
Благица е родена во знакот на Стрелец, со подзнак Скорпија и Месечина во Девица. Без оглед на популарноста, во неа има нешто народно и искрено што нејзината публика го препознава и го сака. Покрај успехот, парите и популарноста, таа е свесна која е и не се срами од своето минато, потекло и се што досега има преживеано. Положбата на транзитните планети ни открива дека во нејзиниот живот има влезено еден маж, кој ја освои речиси „преку ноќ“. Меѓутоа и покрај тоа што во многу нешта се согласуваат, таа покрај него не се чувствува сигурно, а најмногу ѝ пречи тоа што не може да се потпре на него. За жал, и покрај тоа што љубовта е заемна, нивната врска би можела да биде раскината кон крај на есента. Благица ќе одлучи да ја прекине неизвесноста во која се наоѓа и нема да се согласи на компромис.

Blagica

Влатко Илиевски
Влатко е роден во знакот на Рак со подзнак Риби и со Месечина во Јарец, што значи дека е многу флексибилен млад човек со исклучително развиена интуиција и социјална интелигенција. Влатко е многу нежен и внимателен, еден од оние ретки момци што ги разбираат и интуитивно ги сфаќаат жените, поради што секогаш ќе му биде омилен на женскиот пол. Важно е секогаш да дејствува во согласност со својата природа, а не да „глуми“ нешто што не е, туку да се покаже во вистинско светло и ќе успее да ја освои саканата девојка. Со оглед на позицијата на транзитните планети постои силна можност токму сега да е во еден возбудлив однос со девојка, која е една или две години постара од него. Иако ова ќе биде убава и хармонична врска, ѕвездите велат дека сепак нема да потрае повеќе од една година.

Перо Антиќ
Перо роден во знакот на Лав, со подзнак Терезија и со Месечина во Скорпија, што значи дека е многу стабилна личност во секоја смисла. Благодарение на одличната огромна концентрација и силата на волјата, Перо ќе успее да ја канализира својата физичка енергија на вистински начин. Ориентацијата спрема одредена цел, може да биде толку силна што Перо ништо околу него нема забелешки, освен она што е назначено да се направи. Позицијата на планетите во првото поле на Перо, ни кажува дека и покрај големата елоквентност Перо е навистина голема енигма за околината. Што се однесува до парите, ѕвездите му предлагаат да инвестира во недвижен имот, и подоцна по завршувањето на неговата кариера целосно да им се посвети на градежните работи. Следната година би била многу добра за проширување на семејството.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1