Норвешката полиција можела да го спречи Брejвик многу порано


Норвешката полиција можеше да интервенира многу порано. Таа можела веднаш по фрлената бомба во Осло, да го фати масовниот убиец  Андерс Бехринг Брејвик и тој да не стигне до островот Утоја.

Ова е ставот на Независната комисија кој беше составена минатата година кон крајот на јули, со цел да ја разгледа брзината и ефикасноста на норвешката полиција.

Според  Комисијата на Полицијата и требале “неприфатливи “ 35 минути да стигне до островот кој се наоѓа во непосредна близина на Осло. Двајца полицајци на островот Утвика пристигнале многу порано од останатите и наместо да земат чамци и да стигнат до Утоја, одлучиле да чекаат подобро обучени од нив. За тоа време, се случил масакр.

Брејвик на 22 јули, минатата година во бомбашки напад во центарот на  Осло уби осумина. Малку подоцна на остовот Утоја уби уште 69 лица. Вкупно 77 луѓе смртно настрадаа во нападот на Брејвик, а повеќе од 240 беа повредени.

Казната за масовно убиство, на Брејвик ќе му биде изречена на 24 Август. Тој тврди дека е невин, дека се борел за своите идеали  и дека се обидувал да ја спаси Норвешка од Муслиманите.

Tags: , , ,

Ивана Терзиевска

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1