„Џои Фест“ – нов рок фестивал во Крива Паланка


„Некс тајм“ и Иван Раденов со „Аквариус“,  Бени и „Нон Стоп“, се главните ѕвезди на рок фестивалот „џои фест“ кој за прв пат ќе се одржи во Крива Паланка.

Покрај нив, на ова ново рок издание ќе учествуваат и домаќините „Витези“ и „Акорди“, формирани пред 40 години, „Стоп“ кои се враќаат на сцената по пауза од 20 години, „Партали“ и „Вертиго“, сите од Крива Паланка, но се очекуваат учества и на популарни рок бендови од Бугарија.
Крива Паланка е позната по манастирот „Свети Јоаким Осоговски“, кој на 28 август ќе го слави големиот христијански празник „Свети Богородица“, па оттаму идејата овој фестивал да се направи на ден пред големото славје, кога во градот доаѓаат гости од сите градови во државата и од странство.

Оваа година, за прв пат фестивалот се одржува во центарот на градот, пред популарната зграда „Партизан“, но идната година се надеваме дека амфитеатарот, кој е во изградба, во рамките на манастирот, ќе биде готов и дека фестивалот ќе го преселиме таму. Поради „Џои Фест“ вечерта додека трае фестивалот, главната улица во градот ќе биде затворена, бидејќи очекуваме масовна посветеност, не само од домашната публика, туку и од соседството, велат од организацијата на фестивалот. Фестивалот ќе се одржи на 27 август.

Share Button

Tags: , ,

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1