Норвешкиот масовен убиец Андерс Берин Брејвик го смени своето име во Фјотолф Хансен, ден откако Врховниот суд на таа држава одби негова жалба за „нехумани“ услови во затворот.
– Можам да потврдам дека го смени името, тоа е официјално, изјави неговиот адвокат, потврдувајќи напис на норвешкиот весник „Верденс Ганг“.
Адвокатот истакнал дека не сака да открива зошто Брејвик го променил името.
Во јули 2011 година Брејвик облечен како полицаец уби 69 луѓе, најголем дел тинејџери во младински камп на Лабуристичката партија на островот Утоја, откако претходно уби осуммина во бомбашки напад пред владина зграда во Осло.