Нострадамус: Нова војна – Територијата на Македонија ќе има клучна улога


Според Нострадамус, територијата на Македонија ќе има клучна улога  во новата последна „трета светска војна”, која нема да се случи доколку надвладее разумот,затоа што “судбината на човекот не е во природата, туку во неговите раце” и дека единствено тој, “човекот”, може да ја спречи големата катаклизма и своето самоуништување, пишува Република.

nostradamus

-Запалена светилка ќе биде видена, во ноќно време, близу до Рона. Глад и војни ќе дојдат и помошта ќе биде предоцна, кога Персија ќе се мобилизира, да ја заземе Македонија. Пророштвата на најголемиот визионер во историјата на човековата цивилизација, Мишел Нострадамус, со векови го возбудуваат светот. Овој доктор по медицински науки живеел во време кога науката била на најниско ниво. Со својата визионерска моќ, навлегувајќи длабоко во времето и во просторот, претскажал многу настани кои го потресувале и во иднина ќе го потресуваат светот!

Во своите пророштва Нострадамус често ја спомнува Македонија, што значи дека тој мошне добро ја познавал нејзината географско-стратешка местоположба. Според тоа, кога говориме за воено-политичките стратегии и за улогата на Македонија во нив, гледано од аспект на последните воени конфликти на Балканот, за кои во никој случај не можеме да кажеме дека конечно и дефинитивно се решени, бидејќи тие и натаму претставуваат потенцијални жаришта за нови војни, прогнозите на Нострадамус се сосема остварливи.

nostradamus makedonija

Дали во некој од овие кватрени Нострадамус го претскажува воениот конфликт од 2001 година или се работи за некои други војни, кои ќе следуваат подоцна – не може да се протолкува. Сепак, пророкот навестува дека во тие војни “натрапниците” нема да успеат во своите намери и дека “ќе бидат казнети”. Во посебен кватрен Македонија се спомнува како “не дол жна земја”, која ќе биде вовлечена во евентуална грчко-турска војна.

Сепак, пророкот навестува дека во тие војни “натрапниците” нема да успеат во своите намери и дека “ќе бидат казнети”. Во посебен кватрен Македонија се спомнува како “не дол жна земја”, која ќе биде вовлечена во евентуална грчко-турска војна. Еве како Нострадамус го опишува почетокот на таа војна:

“Запалена светилка ќе биде видена,
Во ноќно време,
близу до Рона (Јужна Франција, з.н.).
Глад и војни ќе дојдат и помошта ќе биде предоцна,
кога Персија ќе се мобилизира,
да ја заземе Македонија”.

Прва на удар, како што стои во следните кватрени, ќе биде Италија, поточно Ватикан, кој ќе биде главна цел на агресорот – да го урне христијанството.Освен директен ирански напад на Македонија, според некои странски аналитичари, постои уште една можност нашава земја да стане плен на Иран. Имено, ако во блиска иднина дојде до вооружен судир меѓу Грција и Турција, што не е не возможно, поради многу причини, тоа би го искористил Иран да стапи во војна со Турција.

Целиот текст на – Република.мк

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1