Нов бизнис – крадат миленичиња па чекаат награда или откуп


Крадците се сетиле на нов вид на заработка, кој им носи помалку ризик. Се поголем број случаи во Европа а и на Балканот на кражба на домашни миленичиња. Кучиња и мачиња се киднапираат, намамуваат а потоа крадците чекаат сопствениците да понудат награда. Доколку не видат се јавуваат и бараат пари за да им дадат информација каде им го виделе миленичето.

Крадците и во Србија веќе се во тек со новиот тренд. Тие ги пратат сопствениците, гледаат кога и како може да го намамат миленичето. Понекогаш ги следат со недели за да видат по која маршута шетаат и слично.

,, кучето ми исчезна додека шетавме, цел викенд го барав, лепев постери од мојата женка стафорд. Тогаш ми се јавија дека го виделе моето куче. Бев пресреќна дека ми ја нашле Леа. Но кога отидов да го земам момчето, без кучето, ми рече ќе ви го вратиме но мора да ни дадете награда – и си ја кажа самиот сумата, вели Марија од Белград која на чесниот пронаоѓач морала да му исплати 150 евра за да и го врати кучето.
кога и го вратил и рекол чекајте госпоѓо мора да ми го платите и потрошеното. Ова ваше куќе многу мазено не сакаше да јаде ништо друго освен месо – и и подал фискална сметка

Марија е убедена дека нејзиното куче не побегнало само. Убедена сум дека некако го намамиле, вели таа.

прашала во полиција дали имаат и други случаи и рекле дека нема. Никој не пријавувал во полиција – сите биле пресреќни што си ги нашле миленичињата. Полицајците за српските медиуми изјавиле дека крадците се мудри, крадат само расни кучиња и внимаваат набљудуваат да видат дали сопствениците ги третираат милениците како да се дел од семејството. Дополнителен проблем било што засега се скромни па најчесто барале пристојни суми од 30 до 100 евра – сума која секој сопственик радо ја плаќа за да си го види повторно ,,изгубеното,, милениче.

Според информациите по 10 расни куќиња на ден исчезнуваат и за нив се нуди награда за пронаоѓање. Според огласите и постерите нив Белград.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1