Научниците од Универзитетот во Лион открија нов начин на издвојување на водородот од водата – односно со обичен камен кој на земјата го има во изобилство. Новата технологија овозможува да се забрза хемиската реакција која во природата трае геолошки долго, може да стане важен извор на чиста енергија.
Клучот за процесот е минералот оливин кој од молекулите на водата H20 извлекува еден атом на кислород и еден на водород, при што се создава минералот серпентин, а притоа се ослободува еден атом на водород. Резултатите објавени во магазинот American Mineralogist претставени се оваа недела на конференцијата на American Geophysical Union.
Во текот на истражувањето тимот ги загреал минералите на оливинот во водата на неколку стотини степени Целзиусови и во смесата додале малку кристали на рубин (алуминиум оксид). Целата комбинација била ставена во минијатурен „експрес лонец“ обликуван од два дијаманти кои можат да ја притиснат смесата со притисок од 2.000 атмосфери.
Транспарентните дијаманти им овозможите на научниците да го гледаат одвивањето на реакцијата.
Истиот процес се одвива во природата, само многу бавно во карпите од кои е направено дното на океанот. Таму водородот се врзува со јаглеродот и создава метан или пак го користат микробите кои живеат длабоко под површината.
Оливин е еден од најзастапените минерали на Земјата, а понекогаш се користи како полудраг камен.
Француските минералози очекувале реакцијата која ја истражувале да се одвива во текот на неколку недели, ако не и месец. Но, многу се изненадиле кога виделе дека веќе следното утро половина од оливинот реагирал. Утврдиле дека клучот за успешната реакција биле кристалите на рубинот кои го забрзале процесот и развојот на серпентинот. Понатамошните истражувања покажале дека процесот може да користи било кој извор на алуминиум, пишува BBC.
За да се добие водород, актуелната постапка бара температури меѓу 700 и 900 степени. Новата технологија бара многу пониски температури, а не вклучува ни фосилни горива, што значи дека може да постане важен и одржлив евтин извор на енергија кој нема да и штети на околината.
Интересна работа е што серпентинот кој настанува во процесот, го апсорбира јаглерод диоксидот од атмосферата. Поранешните истражувања покажале дека серпентинот во долгата геолошка историја на Земјата имал важна улога во контролирањето на нивото на јаглерод диоксидот во воздухот.
Кајгана.ком