Нов хорор во Париз: Почина полицајката ранета во утринската престрелка во Париз (Видео)


Општинската полицајка која изутринава беше тешко повредена во престрелката во Монтруж на југот Париз, починала, јавија повеќе француски медиуми кои се повикуваат на полициски извори, пренесува МИА.

Градоначалникот на Монтруж за радиот Европа 1 изјави дека полицајката и техничкото лице кое исто така е рането во престрелката, интервенирале при сообраќајна несреќа, во моментот на нападот.pariz55

– Еден автомобил запре, и започна да стрела. Едно техничко лице скокна врз напаѓачот или напаѓачите – изјави Жан-Лу Метон.

Засега не се поврзува овај напад со вчерашниот врз неделникот Шарли Ебдо, извршителот на нападот е во бегство.

Дополнително во Лион сабајлево експлодирала бомба во кабапчилница близу џамија но од полицијата не потврдуваат дали се поврзани нападите со вчерашниот напад.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1