НОВ ИНЦИДЕНТ: Авион на „Малезија ерлајнс“ принудно слетал во Хонг Конг


Патнички авион на малезиската компанија „Малезија ерлајнс“ мораше денеска принудно да слета на аеродромот во Хонг Конг, поради проблеми во снабдувањето со струја.

malezija-avion-630x354Авионот Ербас 330-300 со 271 патници полетал од малезискиот главен град  Куала Лумпур, за Инчун во Јужна Кореја, кога во реонот над Јужното Кинеско Море се појавиле проблеми со генераторот за снабдување со струја. Екипажот не успеала да се справи со проблемите во леталото,па побарала дозвола за принудно спуштање во Хонг Конг.

Авионот успеал безбедно да слета, откако останал целосно во мрак, но патниците морале да останат на свооте седишта уште извесно време, пред да им биде дозволено да го напуштат леталото.

Според хонгконшките аеродромски власти, покрената е истрага за овој инцидент, но се верува дека причината за проблемите ги предизвикал дефект на генераторот за струја. Авионот се уште се наоѓа на аеродромот.

Една британска патничка, која била во „Ербасот“ изјави за лондонските весници дека прво се слушнале некакви „необични звуци“ во кабината на авионот, а потоа „чудно крцкање“ по што кабината останала без светло.

– Сите помисливме дека ни нема спас, кога членовите на екипажот ни рекоа да ги ставиме на себе појасите за спасување,затоа што авионот ќе атерира на морската површина„-вели оваа патничка.

Авионот сепак успеал да го продолжи летот до Хонг Конг и да атерира на тамошниот аеродром.

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1