Горан Mрџеновиќ, Србин кој се враќал од одмор од Грција, по два инциденти на возачот, му наредил да стане од возачкото место и го презел управувањето на комбето на туристичката агенција „Тера Травел”, пренесува „Блиц“.
– Со седум патници се враќав во Белград од Полихроно, Халкидики ноќта 6 и 7 јули, каде бев преку „Тера Травел”. Сè беше добро додека не стигнавме до првата наплатна рампа кај Ниш. Бидејќи седев на совозачкото седиште, забележав дека возачот почна да шалта по автопатот. Изгледаше дека му се спие, но тој тоа го негираше – вели Мрџеновиќ за „Блиц“.
Тој тврди дека во првиот инцидент се случил кај Параќин.
Патниците во агонија
– Возевме брзо кон автомобилот кој беше пред нас. Видов дека возачот не кочи и уплашено му свикав. Закочи во последен момент. Тогаш го принудивме да застане на првата бензиска пумпа, да се одмори и да испие кафе – продолжува тој.
Мрџеновиќ раскажува дека по паузата од 30 минути доживеале мал судир.
– Наидовме на сообраќајни знаци дека едната лента е затворена. Комбето од левата страна нудри во еден од нив. Пукна целото стакло на левиот ретровизот. Возачот и огаш заспа. Со повишен глас му реков да застане – објаснува Mрџеновичќ.
Тој вели дека побарал возачот да се јави во на агенцијата, во спротивно тој ќе го преземе на воланот, што на крајот и се случило.
Виновна е агенцијата?
На крај Мрџеновиќ ги однесол сите патници до дома, а возачот го довози комбето до гаража. Тој додава дека не го обвинуваат возачот, туку агенцијата која не обезбедила услови за транспорт.
Саво Тошиќ, директор и ко-сопственик на „Тера Травел”, вели дека ќе ги испита околностите под кои возачот му дозволил на патникот да вози.
– Имаме изнајмени станови за возачите во Грција. Овој возач се одмараше 36 часа пред да тргне. Тој отиде на одмор и не ни кажа ништо во врска со инцидентот. Суспендиран е и кога ќе се врати, ќе даде изјава. На возилото немаше оштетувања, дури ни она за кое тврди патникот – тврди Тошиќ и додава дека агенцијата има дежурна екипа на возачи кои преземаат во случај на проблем, но дека никој не ги викнал.