Фотограф од Прага, Кирил Руденко, неодамна дошол на идеја, смислил нов изум кој за многу кратко време стана популарен.
Станува збор за 100 видови на органски воздух во конзерва од различни градови ширум светот. Кирил почнал со конзервирање на воздух во Прага, а набрзо потоа сватил дека неговата идеја е добро прифатена па го проширил својот бизнис во уште неколку познати светски метрополи.
Овој изум, вели Кирил, лечи носталгија за дома. Интересно е што секоја конзерва има своја специфична формула која се состои од воздух од разни делови од градовите.
На пример формулата на воздухот од Њујорк содржи воздух од Централ парк, со Бруклински мост, од кинеските делови и од некои друго останати делови од градот.
Сите кои сакаат да купат воздух од омилениот град, мора да издвојат 10 долари колку што чини и една ваква конзерва.