Нов одрон на Водно, блокиран локалниот пат од Средно Водно кон Нерези


АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево, Виница – Берово каде е можна почеста појава на одрони.avtopat znaci mk

На патниот правец Удово – Гевгелија, на клучката кај с.Марвинци, сообраќајот се одвива по една коловозна лента.

На регионалниот пат Гевгелија – локалитет “Смрдлива вода” во м.в. “Длабок дол”, сообраќајот се одвива наизменично по една коловозна лентa поради појава на свлечиште.

На патниот правец  Р1205 Крупиште – Пробиштип кај село Неокази  е направена комплетна санација и сообраќајот се одвива непречено за сите видови на моторни возила без никакви проблеми или ограничувања.

На територија на Струмица, поради оштетување на мост на река Турија, воведена е забрана за сообраќај за тешки товарни возила на локалниот пат с.Просениково –  с.Сарај, а сообраќајот се одвива по заобиколен пат.

На патниот правец Р2232 Кочани – Злетово, кај с. Киселица собраќајот се одвива со ограничена брзина од 30км/ч поради слегнување на коловозот во должина од 50 метри. Поставена е содветна сигнализација.

На 10.04.2015 година од 01:00 часот локалниот пат од Средно Водно према Пантелејмон е блокиран во двата правци поради свлечиште на земја.

Во општина Крива Паланка непрооден е патниот правец с.Дурачка река – с.Дренак во должина од 7 км.

На регионалниот пат Куманово-Кратово кај излезот на с.Железница има попуштеност на асфалт во должина од 10 метри и поставени се знаци за предупредување.

На патниот правец Лакавица – Неготино на 7км. над село Лесковица има пропаѓање на патот во должина од 200м. на кој е извршена санација. На самото место поставена е соодветна сообраќајна сигнализација. На овој дел сообраќајот се одвива забавено.

Сообраќајот на патните правци Кочани – Зрновци и Трaботивиште – Разловци е во прекин поради попуштање на мостовите на река Брегалница.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1