Гром удрил во авион – направил дупка во „клунот“ морале принудно да слетаат (Фото)


Молња пробила дупка во клунот на патнички авион кој летал до Исланд за САД, пишува ноќта кон петокот весникот Denver Post.

Инцидентот се случил уште во вторникот. Молскавицата удрила во телото на авионот „Boeing 757“ на летот 671 кон американскиот град Денвер, малку по неговото полетување од меѓународниот аеродром „Кефлавик“ крај исландската престолнина Рејкјавик.avion grom

Претставник на воздухопловната компанија „Icelandair“ изјавил дека одлуката на пилотот да го продолжи летот била оправдана и поради тоа што проверката на техничките системи на авионот покажала дека ударот на громот не предизвикал никакви неправилности во нивното функционирање.

Дупката во клунот на авионот „Хердјубрејд“ (на Исланд е вообичаено на авионите да им се даваат имиња според некој од многубројните вулкани), била откриена веднаш по слетувањето во Денвер.

Според воздухопловните експерти, ваквите оштетувања на авионите се исклучително ретки, особено затоа што горните слоеви на каросериите од современите авиони се дизајнирани да издржуваат директни удари на молњи.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1