Нов првак во лежење – победи нормално Црногорец


Марко Ѓуровиќ од Подгорица е победник во натпреварот во излежување кои прексиноќа околу полноќ заврши во етно-селото „Монтенегро“ во Брезни кај Плужин.

776180Тој поставил и нов рекорд  – 35 часа излежување. За освоеното прво место Ѓуровиќ доби 300 евра награда.

Оваа година , освен домашните, за титулата на првак во излежување, се натпреваруваа и соседите. Така за титулата „џаболебарош“ се бореа 13 натпреварувачи  од Црна Гора, Србија и Хрватска.

Правилата на натпреварот се: кога ќе се легне, нема станување, храна и вода се дозволени но не и одење во тоалет.

Времето во лежење натпреварувачите го прекинувале на различни начини – спиеле, читале, играле игри.

marko-djurovic-takmicenje-lencarenje-foto-vijesti-1407264330-546431

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1