Во италијанската област Венето која што ја опфаќа Венеција и околината, започна референдум за одделување од остатокот на Италија, а ќе трае до 21-ви март, јавуваат тамошните медиуми.Право на глас имаат околу 3,8 милиони луѓе.Новата држава би се викала Република Венето
Активисти велат дека резултати од најновите анкети покажуваат дека за прекин со врската со Рим се залагаат 65 проценти од избирачите во регионот Венето, кој ги опфаќа градовите Тревизо, Виченца и Верона.
Тие велат дека се инспирирани од примерот на Шкотска, која ќе одржи референдум за независност од Велика Британија во септември во Каталонија, каде што половина од жителите сакаат да се одделат од Шпанија.
Доколку мнозинството гласа за независност, имаме експерти кои подготвуваат прогласување на независност и фирми во регионот кои што велат дека ќе започнат да плаќаат данок на локалните власти наместо Рим-рече портпаролот на движењето за независност, Лодовико Пјацати.