Нов режим на затоплување на становите во Скопје


„Балкан енерџи груп“  деновиве најави нов режим на затоплување на становите во Скопје . Дали ќе значи тоа дека компанијата, која пред една година го презеде бизнисот со парно греење и оваа сезона ќе продолжи со подолго затоплување на корисниците на топланата Исток, кое пробно стартуваше пред крајот на минатата грејна сезона, нема кој да потврди, пишува Утрински.

radijatorНа терен, пак, новиот режим веќе функционира и тоа во населбите кои се затоплуваат преку оваа топлана. Радијаторите во населбите Аеродром, Нови Лисиче и околината се загреваат околу 5 часот, додека, пак, се исклучуваат по 23 часот. Во остатокот од градот нема промени, греењето започнува околу 7, а се запира во 21 часот.

Известувањето од „Балкан енерџи груп“, за воведување нов режим во снабдувањето со топлинска енергија, деновиве ги изненади скопјани кои живеат во центарот и во западниот дел од градот.

Во краткото соопштение залепено на влезните врати на станбените згради низ градот нема објаснување за каков режим се работи и дали тој ќе влијае на висината на сметките што ќе ги добијат корисниците. Тие се прашуваат, доколку новиот режим на затоплување се однесува само за корисниците на топланата Исток, зошто и на нивните станбени објекти се залепени вакви известувања.

Во топлинската компанија, пак, и понатаму избегнуваат комуникација со медиумите, а за сите прашања врзани за јавната дејност која ја вршат упатуваат на нивните веб-страници и контакт-телефоните со дежурните служби. Но, интернет-страницата на „БЕГ – Снабдување“ не е обновена од септември, ниту, пак, е објавено најновото известување за промената на режимот на снабдување со топлина. На дежурните телефони никој не одговара, па информација е невозможно да се добие.

Utrinski Vesnik

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1