Утврден идентитетот на загинатите во Кичево – сите на 25-годишна возраст


sneg pat policija

Кичевската полиција го утврди идентитетот на трите момчиња кои рано утрово загинаа во сообраќајна несреќа на улицата “Ужичка Република”.

Според полицијата, жртвите се 25 год Мурат А., Адмир В. (25) и Јетон Е. (25). Двете повредени момчиња се Г.С. (27) и Р.С. (26) кој е пренесен во охридската болница „Св. Еразмо“.

Поради сериозноста на повредите двете лица се пренесени во болницата за ортопедија и трауматологија Свети Еразмо од каде велат дека после направените снимки кај двете лица  констатирани се тешки повреди на главата ,вратот и градниот кош по што едниот од нив е префрлен во Клиничкиот центар во Скопје а другиот е задржан на интензивна нега.

Трагичната несреќа се случи утринава околу 4.30 часот на улицата “Ужичка Република”.

Автомобилот марка „голф“, во кој се превезувале момчињата завршил во ѕид од куќа откако возачот изгубил контрола над воланот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1