Облачното време со врнежи од дожд ќе се задржи до среда, а од четврток се очекува времето стабилизирање со умерен јужен ветер и значителен пораст на температурите.
Температурата во среда ќе се движи од 16 до 24, во четврток од 20 до 27 степени, во петок од 24 до 30, во сабота од 25 до 34 степени и во недела од 22 до 30 степени.
Денеска попладне ќе има делумно намалување на облачноста, а во текот на ноќта на северозапад ќе има нови врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер, кој долж Повардарието повремено ќе засилува.
Времето утре ќе биде значително облачно со повремени врнежи од дожд, особено во западните делови од земјава. Ќе има и ретка појава на грмежи. Ќе дува умерен северен ветер, кој долж Повардарието повремено ќе засилува. Во среда претпладне на запад се уште ќе има услови за локален дожд, а од четврток времето ќе биде стабилно со умерен јужен ветер и значителен пораст на температурата.