Обвинителството достави обвинителен акт за 9-мина учесници во инцидентите во Собранието


Судија од кривичниот суд веќе го добил на работа предметот за обвинетите учесници во инцидентите во Собранието, откако обвинителството доставило обвинителен предлог против девет лица. Сите се товарат за сторено кривично делои Учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење на службено дејствие. Делото за кое се обвинетите било утврдено согласно прибраните докази информираат од обвинителството.obvinitelstvo-skopje

– Согласно законот, правната квалификација за сторено кривично дело ја дава јавниот обвинител кој при тоа се раководи од доказите што се прибрани до тој момент. Тоа значи дека доколку дополнително се пронајдат нови докази кои укажуваат дека определено лице извршило друго кривично дело, јавниот обвинител во текот на целата постапка може да изврши преквалификација или лицето да го гони и за други кривични дела, пишуваат во соопштението.

Обвинителот кој го води случајот донел решение за отфрлање на кривичната пријава за три лица за кои МВР поднесе пријава. За две од нив била извршена погрешна идентификација, а за едно од лицата воопшто не е утврдено дека презело дејствија кои имаат елементи на сторено кривично дело кое се гони по службена должност, информираат од обвинителството.

За двајца од веќе приведениет обвинителот побарал од судот да им биде продолжена мерката притвор, која сега ќе опфаќа период од 30 дена. За еден од приведените е побарано промена на мерката за обезбедување во куќен притвор, продолжување на мерката е побарано и за обвинетиот кој веќе е во куќен притвор.

Петмина од обвинетите пак ќе добијат мерки на обезбедување, од кои четворица се ослободени од пртивор.

Обвинителството информира дека продолжуваат со прибирање на докази и сослушување на инволвираните во инцидентите, но како што велат при тоа исклучително внимавајќи на заштитата на човековите права и пресумпцијата на невиност, особено од фактот што во два случаи беше извршена погрешна идентификација на лица. Правната квалификација на сторено кривично дело мора да се заснова само врз основа на докази, порачуваат од обвинителството.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1