Нов скандал со млеко за бебиња: Се повлекуваат милиони производи


Нов скандал со млеко за бебиња на францускииот гигант за млечна индустрија „Лакталис“. Втор пат месецов од пазарот отстранети се милиони производи ширум светот.

Како и минатата седница, производите за бебе се повлечени откако се покажало дека се заразени со салмонела.

„Лакталис“ преку соопштение им се извини на потрошувачите и наведе дека истрагата потврдила дека заразата започнала по реновирање изведено на почетокот годинава во фабриката во Краон, на западот на Франција, како и дека производството на млеко во фабриката е стопирано.

Портпаролот на „Лакталис“ Мишел Налет рече дека новото повлекување на производи од пазарот опфаќа околу 30 земји, но не наведе за кои држави се работи.

Агенцијата потсетува дека на листата што претходно месецов ја објавија француските власти, помеѓу останатите земји се и Велика Британија, Грција, Кина, Пакистан, Бангладеш, Саудиска Арабија, Мароко, Судан, Перу и Колумбија.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1