Нов скандал во германската тајна служба: Двајца полицајци биле членови на Ку Клух клан! Не добиле отказ!!!


Германија е потресена од злоделото на двајца активни полицајци, кои истовремено биле членови и на организиран расистички Ку Клух Клан.

Германскиот Дер Спигел објавил и поврзаност на полицајците со убиството на Мишел Кисеветер, нивна колешка со која што претходно се познавале. Минатата година исто така беа обвинети за убиство на неколку членови на таканаречената ултрадесничарска заедница, чија цел е да убива емигранти низ Германија. Германските политичари го осудија ваквиот злочин, но сепак на полицајците им дозволија да си ги задржат работните места и покрај тоа што се дозна за нивните активности во расистичкиот клан.


Дека биле членови во кланот се дознало уште во 2003 година, а биле именувани како Европски бели витези. Докази за нивното учество биле пронајдени во еден стан во градот Швабиш Халл. Најпрвин полицијата пронашла материјали за едниот нивен колега, а потоа во истрагата е откриен уште еден член на полицијата кој и припаѓал на ваквата група.

Тетоважа на Хитлер

Откако се дознало за нивното членство во ваквата дружина, чија цел е против уставот, полицајците, како што тврдат надлежните служби, се дисциплински казнети. За каква казна станува збор се уште не е прецизирано, но на истите им е дозволено да си ја задржат работата. Полицајците тврделе дека не биле свесни за целите на групата и на состаноците на кои што присуствувале. Како што тврди едниот од нив за целите сфатил дури по шест месеци, откако на еден од состаноците еден член дошол со тетоважа на Хитлер. Двајцата тврделе дека самостојно ја напуштиле организацијата. Надредените им поверувале и им дозволиле да ги задржат униформите.

Пропуст или намерно прикривање?

И двајцата ја прикриле смртта на полицајката Мишел Кисеветер, која била под управа над едниот од полицајците. Политичарите веднаш побараа истрага, но засега нема доволно докази кои што ги поврзуваат со смртта на нивната колешка. Многумина во меѓувреме говорат за тоа дека едниот од полицајците за да станел член на оваа групација, морал претходно да си ги расече прстите со жилет.

Какви се личности работат во полицијата? Има ли уште такви случаеви? Зошто одговорните реагирале со благи казни? Се, се ова прашања на кои што високи функционери во Берлин бараат одговор.

Tags: , ,

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1