Нов споменик ќе никне во Скопје – еве колку милиони евра ќе лапне „Мајка Тереза“


На вчерашното јавно наддавање понуди доставиле фирмите „Урбан инвест“ и „Бетон“.Првата фирма дала понуда од 6,2 милиони евра, додека „Бетон“ за изградба побарал 8,2 милиони евра.spomenikmajkatereza1

Според тендерската документација, изведувачот треба да изгради објект со тераса, фонтана, како и споменици на Мајка Тереза, милосрдни сестри, ангели, декоративни венци во форма на пехар и други релјефи од мермер и бронза.

Идејното решение е на авторката на спомениците на Александар и на Филип, Валентина Стефановска и нејзиниот колега Кирил Мукаетов.

Министерството за клутура во наредните денови ќе ги разгледа понудите по што ќе следи електронска аукција. Министерството ја презеде обврската да го финансира овој споменик откако тоа требаше да го стори индијскиот бизнисмен Субрата Рој.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1