Убиецот ги зел пасошите на мајката и синот – нови детали за убиството во Козле


Мистериозниот убиец, кој ги ликвидира двајцата турски државјани во куќа на улицата „Козле 3“, најверојатно со себе ги зел и патните исправи на убиените, како и мала торбичка во која жртвите имале златен накит.

Сепак, извори за „Алфа“ потврдуваат дека истрагата не оди во насока дека злосторството е извршено поради грабеж. Освен малата торба на убиените, во која според кажувањето на домаќините од Скопје им биле пасошите и имале малку злато, ништо друго не фали од катот каде е извршено двојното убиство.kozle_ubistvo_thumb_medium500_380

Многу мистерии  има околу ликвидацијата на турските државјани, 29-годишниот Самет Селџук кого најверојатно убиецот го чекал во куќата откако претходно ја убил неговата мајка Ѓулчин Ерчобан, е ликвидиран до креветот, а потоа бил посипан со брашно. Каква порака сакал да остави убиецот со брашното дали дека ликвидацијата е поради семејни недоразбирања, невратен долг, освета, дрога … останува дилема. Чудно во целиот случај е и тоа што на првиот кат каде се случило убиството, светилките биле одвртени од фасонките и бил прекинат контактот така што во собите било тотален мрак.ubieni kozle

Полицијата интензивно работи на двојното убиство кое се случи на почетокот од неделава. Мајката и синот кои беа ликвидирани во куќата на сватовите, во Скопје стигнале од Бурса на 20 јули, со нив патувал уште еден турски државјанин кој ја напуштил Македонија ден пред убиството.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1