Поевтинува парното – а ќе добиеме и гратис


За 0,19 отсто се намалува цената на парното греење што го обезбедува Балкан Енерџи Груп (БЕГ), а за 0,86 проценти парното на ЕЛЕМ енергетика. Надоместокот за греење од Скопје-Север останува ист како лани.

Како што соопшти  директорот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) Димитар Петров, цената се намалува и за исклучените потрошувачи, за 0,75 отсто.parno

Во претстојната грејна сезона корисниците на БЕГ бесплатно ќе добијат плус еден час греење односно, наместо од 6 до 21 часот ќе имаат парно од 6 до 22 часот.

Новина е, додаде Петров, и тоа што за евентуално порано почнување на грејната сезона, репер ќе бидат прогнозите на УХМР, а не како досега реалното мерење на температурата два дена однапред.

– Парното ќе се вклучува пред грејна сезона ако просекот од прогнозите на УХМР покаже дека температурата ќе биде 12 степени, објасни директорот на РКЕ.

Според одлуката на Комисијата, за градинките, основните и средните училишта кои се под Балкан Енерџи Груп цената на парното ќе се намали за 14,45 отсто.  Елем енергетика, пак, просечната цена ја намалува за 0,86 проценти со тоа што корисниците кои плаќаат по мерач добиваат намалување за 4 отсто, а за оние што плаќаат по метар квадратен цената се зголемува 1 процент.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1