Нов супервулкан се формира под Тихиот Океан


Еден научник од Универзитетот во Јута потврди дека две “термохемиски маси” големина на континент полека се спојуваат во една, на дното од Земјината обвивка, околу 29.000 км под Тихиот Океан.

vulkan4Геологот Мајкл Торн вели дека овој процес еден ден би можело да доведе до катастрофална ерупција што може да предизвика масовно изумирање на Земјата. Но, не е време за паника. Според неговите истражувања, овој супер-новонастанат вулкан може да еруптира за 100 до 200 милиони години. Оваа нова студија, објавена во списанието Earth and Planetary Science Letters, зборува за судир на два кластери од делумно стопени карпи кои би можеле да не доведат до едно од овие две можни сценарија.

По првото би дошло до една масивна ерупција што може да се спореди со онаа во Yellowstone од пред 2 милиони години – по ерупцијата, што ја покри целата Северна Америка со вулкански пепел.

Друга опција е базалтова поплавна ерупција- долготраен настан сличен на оној што се случи со Индиската висорамнина Декан пред 65 милиони години. По ова сценарио, лавата полека излага на површината за долг временски период кој може да трае илјадници години, што резултира со формирање на големи површини покриени со вулкански карпи.

vulkan5Како што може да се претпостави, овие ерупции се деструктивни за екосистемите и може да доведе до исчезнување на различни видови. Пепелта, вулканските гасови и недостатокот на кислород ќе ги загрозат сите организми, па дури и оние кои се наоѓаат во океаните.

Торн вели дека нешто слично би можело да се случи повторно, но овој пат во Тихиот Океан во близина на Самоа.

До овој заклучок дошол со проучувањето на двете големи маси кои беа откриени уште во деведесеттите години. Геолозите првично мислеле дека овие маси со големина на континент се статични. Сепак, Торновите сеизмички фотографии со висока резолуција покажаа дека тие всушност се судираат.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1