Нов тип на ХИВ откриен во Романија, Бугарија и Грција


Нов тип на вирусот ХИВ е откриен во повеќе држави, меѓу кои и во Романија, Бугарија и Грција, објави денеска романскиот весник „Романија либера“.

hiv-sida-aids-lecenje-rak-1348951872-213892Новиот тип досега е откриен кај хомосексуалци и кај зависници од дроги. Според првичните сознанија болеста побрзо се развива во споредба со останатите типови на ХИВ.

– Тоа е рекомбиниран вирус, кој се појави во Португалија и во Шпанија и полека се приближува во овој дел од Европа, па во моментот го има во Романија, Грција и во Бугарија, изјави Адријан Стрејну-Черчел, директор на Институтот „Матеј Балш“ во Букурешт.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1