Нов ценовник на комунално? За да не морате телевизорите и шутот од рушење да го фрлате сами


Во моментов јавното комунално претпријатие нема ваква служба, па граѓаните или го оставаат крупниот отпадот до контејнери, го мешаат со комуналниот смет во црни вреќи или, пак, најмуваат приватни превозници кои им го собираат, а потоа нелегално го фрлаат на диви депонии.

gjubreЗнаејќи го ова, а во насока на заштита на животната средина, од „Kомунална хигиена“ како и некои општини, самоиницијативно и без надомест организираат по две-три акции годишно за подигање на цврст габаритен отпад, но и тоа е недоволно за добивање на битката со несовесните граѓани.

Идејата на Трајановски е претпријатието да најде начин и во наредниот период да оформи систем и екипа за собирање и транспортирање шут, душеци, стар мебел, гуми, но и електронски отпад, како стара бела техника, расипани телевизори, фрижидери и сл. Тие ќе се носат на определено место што ќе го маркира Градот.

– Ајде да донесеме ценовник и секој што нешто урива по дома да знае каде да се јави за да му го соберат и однесат шутот. За ова мора сериозно да се размисли, да се препорача ваква одлука на Управниот одбор на „Kомунална“, а потоа оформениот ценовник да дојде на дневен ред на Советот на Град Скопје за усвојување – рече скопскиот градоначалник.

Dnevnik

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1